Франческо Тоти со 10 години помладата девојка и сите погледи кон нив: Светот зборувал дека со неа ја изневерил поранешната сопруга и мајката на неговите 3 деца

Точка

15/04/2024

10:22

2.794

Големина на фонт

а а а

Вчера заврши Мастерсот во Монте Карло, со победа на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 2:0 – 6:1, 6:4.

На трибините биле голем број познати личности, од поранешни 9 спортисти, руски олигарси до политичари.

Франческо Тоти го следел натпреварот со девојката Ноеми Боки. Глобален шок во светските медиуми во 2022 година предизвикала веста дека славниот италијански фудбалер Франческо Тоти (47) и неговата сопруга и водителка Илари Блаци (43) се разведуваат по 17 години брак. Тогаш на големо се зборувало дека славниот фудбалер ја изневерил поранешната сопруга со Ноеми.


„По 20 заеднички години и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо заврши. Процесот на развод ќе остане наша приватна работа и нема да давам други изјави за тоа. Ги повикувам сите да се воздржат од шпекулации и пред сè да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, Илари изјавила за порталот „Ansa“.

Свој збор имал и Франческо Тоти: „Се обидов да ја надминам кризата во нашиот брак, но сега разбирам дека одлуката да се разделиме и покрај тоа што беше болна, исто така беше и неизбежна. Сè што кажав и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на листата на приоритети во мојот живот. Со оглед на тоа дека заедно ќе ги воспитуваме нашите деца, секогаш ќе ја почитувам својата сопруга. Верувам дека ќе ја почитувате нашата приватност, особено спокојот на нашите деца“.

Гласините дека славниот пар се разведува се појавиле во февруари, кога наскоро и официјално поранешните сопружници го демантирале овие приказни: „Во последните неколку часа за себе прочитав толку многу работи, а особено за моето семејство. Не е првпат да ги слушам овие лажни вести. Ви се обраќам на сите вас кои го пишувате ова да бидете внимателни бидејќи се работи за деца, а децата треба да се почитуваат. Искрено, навистина сум изморен постојано да демантирам“, своевремено изјавил Франческо кој го поврзувале со Ноеми Боки (36), која се занимава со цветни декорации и навива за Рома, каде некогаш играше и Тоти.


Тоти и Ноеми останале заедно и покрај гласините.

Третиот поход на Циципас на титулата во Монте Карло ја следеле и познатата актерка и модел Викторија Силвесрстет, рускиот олигарх Дмитриј Риболовлев, принцот Карло со ќерките и контроверзниот и омразен француски политичар Рено Миселије.




Актерката и пејачка Зендаја, која игра тенисерка во новиот хит филм, претходниот ден била во Монте Карло. Самото финале го следеле и познатиот тенисер Борис Бекер и неговата партнерка, политичката аналитичарка Лилиан де Карваљо Монтеиро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг