Полски второлигаш избори финале во Куп, а сега се заканува дека нема да игра

Точка

05/04/2024

12:43

1.705

Големина на фонт

а а а

Полскиот второлигаш Висла Краков се закани со бојкот на финалето од полскиот Куп ако на неговите играчи им се забрани да дојдат на финалето во Варшава, изјавил претседателот на клубот Јарослав Кролевски. Висла избори финале со победата од 2-1 над прволигашот Пјаст Гливице во средата, но славјето го засени забраната која ја имаат навивачите на клубот од Краков.

Имено, поради фрлање на факели на тревникот во текот на поразот од минатогодишното издание на Купот од Мотор Лублин, Висла беше казнета со забрана на доаѓање на навивачи на три гостински натпревари. Висла оваа сезона одигра пет натпревари на домашен терен за да дојде до финалето, и сè уште не отслужила ниеден натпревар од казната, а пред неа е финале на 2-ри мај против Погон Шчеќин во Варшава.


Жалбата ќе се анализира

„Висла Краков нема да игра во финалето на Националниот стадион ако нашите навивачи не се појават на трибините. Ако организаторите не можат да осигурат безбедност, што би било срамно, ќе го играме натпреварот во Шчеќин или некое друго место“, објавил Кролевски на социјалната мрежа „X“.


Од клубот порачале дека поднеле жалба до Полскиот фудбалски сојуз. „Висла Краков поднесе до ПЗПН за суспензија на забраната за патување на организирани групи изречена на клубот по натпреварот од полскиот куп одигран во Лублин“, стои во соопштението на клубот.


Претседателот на ПЗПН Чезари Кулеша рекол дека Сојузот внимателно ќе анализира и чесно ќе ја оцени жалбата.