Започната истрага за вознемирување на олимписката шампионка: „Ме следеше по стадионот, тоа е лудило“

Точка

04/06/2025

15:01

1.246

Големина на фонт

а а а

Американската спринтерка Габриел Томас, трикратна олимписка победничка, во понеделникот објави на платформата X дека непознат маж ја следел по стадионот и ѝ дофрлал лични навреди додека потпишувала автограми за обожавателите.

Организацијата "Grand Slam Track", која организира серија атлетски митинзи во Северна и Средна Америка, започна истрага за наводното вознемирување на Томас, што се случило за време на натпреварување во Филаделфија изминатиот викенд.

„Искрено, навредите уште можам да ги поднесам, но фактот дека ме следеше по стадионот е лудило“, напиша 28-годишната Томас во својата објава.


Таа додаде и дека „секој облик на поддршка што го добива преку интернет е одвратен“. Во одговор на нејзината објава, еден маж објави видео во кое ѝ дофрла додека стои на стартната линија за трката на 100 метри. Томас ја заврши трката како четврта, додека победи Мелиса Џеферсон-Вуден.

Истиот маж, кој редовно објавува видеа за спортско обложување на "YouTube", изјавил дека нејзиниот резултат му помогнал да освои пари, при што објавил слики од своите добитни тикети откако се обложил на победа за Џеферсон-Вуден.


„Со моето дофрлање ѝ помогнав на Габи да загуби. И така стигнав до добивката“, напиша тој.

Во изјава за спортскиот портал "The Athletic", организаторите на натпреварувањето соопштија:

„Grand Slam Track спроведува целосна истрага за одвратното однесување забележано на видеото. Работиме на идентификација на вклученото лице и ќе преземеме соодветни мерки. Ќе воведеме дополнителни безбедносни протоколи за да спречиме слични инциденти во иднина. За да биде јасно – вакво грозно однесување нема да толерираме.“