Гласините за бременоста на Ванеса Брајант почнаа да кружат пред неколку недели, кога корисници на социјалните мрежи почнаа да споделуваат стари фотографии за кои тврдеа дека „јасно“ прикажуваат труднички стомак.
Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, ги прекина повеќенеделните шпекулации за нејзината наводна бременост — не со зборови, туку со мим од Ријана. Без да каже ниту една реченица, Ванеса испрати јасна порака: не е бремена, не должи објаснување никому и ужива во животот.
На фотографијата што ја сподели на Инстаграм, Ријана го покажува средниот прст, со натпис: „Го штитам мојот мир, не сум бремена и се забавувам цело лето.“
Овој потег беше повеќе од јасен одговор на лавината шпекулации што последниве денови се ширеа по социјалните мрежи.
Од каде потекнаа гласините?
Гласините за бременоста на Ванеса започнаа пред неколку недели, кога корисници на Фејсбук и ТикТок почнаа да споделуваат стари фотографии и тврдеа дека на нив „се гледа“ труднички стомак. Дополнително, се појавија и наводни „сигурни информации“ дека е во врска со 27-годишен НБА кошаркар и дека очекуваат дете.
Една од објавите што масовно се споделуваше гласеше:
„Ванеса Брајант е бремена со 27-годишен кошаркар. Коби го даде животот, ги уништи семејните односи поради оваа жена, а само пет години подоцна таа повторно е бремена?“
Друг коментар пак се обиде да биде поблаг:
„Велат дека е бремена, јас не верувам, но и да е — Коби почина пред пет години. Не прекршила ниту еден завет.“
Со една објава, Ванеса ги замолкна сите.
Наместо објаснување или демант, Ванеса испрати недвосмислена порака: не е никому должна отчет и не дозволува шпекулации да ѝ го нарушат мирот.