[ВИДЕО] Најлудите автомобили на Порше "на куп"

Точка

05/04/2024

08:27

11.238

Големина на фонт

а а а

За да може постојано да ги пробива границите и да поставува стандарди, "Porsche" мораше да размислува надвор од кутијата, а во тоа му помогнаа различни концептни автомобили. Запознајте некои од нив.

"Top Gear" не носи во гаражата во која се сместени некои од најинтересните автомобили на "Porsche". И тука не мислиме на стандардни модели, туку на единствени кои не доживеале сериско производство, туку служеле како практичен пример за развој на некои нови идеи. Некои вродија со плод, а за некои е подобро што никогаш не стигнаа до јавноста.

Продолжено 928

Бидејќи ова е "Porsche", некои неуспешни идеи се многу интересни и ние лично би пробале многу од нив на пат. Можеби најдобриот пример е продолжениот 928 со дополнителни странични врати. Можеме лесно да го опишеме овој четирисед како најава на тоа што требаше да се случи една деценија подоцна во форма на "Panamera".

Еден од најзабележливите експонати е "Panamericana" од 1989 година. Направен е како подарок за 80-тиот роденден на Фердинанд Порше, а воедно беше и најава за новата 911. Со двојната улога на спортист и рели играчка, Panamericana е автомобил создаден за уживање во возењето на секоја подлога. Сепак, на "Porsche" не му се допадна овој автомобил, дури ни уникатните гуми со логото на "Porsche".

W124 со V8 на "Porsche"

Во гаражата на "Porsche" има и два Мерцедеса. Култниот W124 беше придвижуван од мотор V8 на "Porsche" , а класата G била направена како автомобил за поддршка на рели. Воедно се натпреваруваше и стигна до одлично 6-то место. Видеото носи голем број други интересни автомобили кои Порше ги правел во последните неколку децении.




Спонзорирани линкови

Маркетинг