Видеото споделено на интернет го открива моментот како водителката на SET News реагирала среде најголемиот земјотрес во Тајван во последните 25 години.
За време на преносот во живо е снимен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а водителката продолжила со вестите додека сè се нишало околу неа.
Сепак, таа импресионираше со својата реакција и професионалност, откако продолжи да известува дури и кога делови од таванот паѓаа до неа.
Таа во еден момент едвај одржувала рамнотежа, но продолжила да им ги пренесува вестите на гледачите.
На социјалните мрежи, гледачите ја пофалија за решеноста да не ја прекинува веста и напишаа дека треба да добие покачување.
"Импресиониран сум од репортерката која продолжува да зборува иако сè се тресе! Тоа е страшно", е еден од многуте пофални коментари.
Сепак, имаше и такви кои сметаа дека нејзината одлука не е толку паметна, бидејќи плафонот над неа се распаѓал и можела да биде повредена.