Зградите во главниот град на Тајван, Тајпеј и околните области силно се треселе кога земјотрес со јачина од 7,4 степени го погодил островот.
На социјалните мрежи се појавиле застрашувачки видеа од луѓе кои се нашле во центарот на оваа природна катастрофа.
На едно од нив се гледа човек кој плива во базен во моментот на земјотресот.
На второто видео може да се види како се излева вода од базенот од врвот на висока зграда.
На прес-конференцијата на тајванскиот Централен оперативен центар за вонредни состојби, било објавено дека се регистрирани 101 последователни земјотреси.
Околу 60 се заробени во тунелот Јинвен во северниот дел на округот Хуалиен.
На друго видео, пак, може да се забележат возилата кои во тој момент се наоѓале на автопатот во источниот дел на земјата како запреле, а ударот бил толку силен што некои од возилата се чинело дека отскокнуваат.
Да потсетиме, Тајван рано утринава го погоди најсилниот земјотрес во последните 25 години. Седум лица го загубиле животот, а повеќе од 700 се повредени, според досегашните информации.