[ВИДЕО] Над 700 повредени во земјотресот во Тајван, спасувачите извлекуваат луѓе од под урнатините

Макфакс

03/04/2024

09:52

1.513

Големина на фонт

а а а

Бројот на повредени во силниот земјотрес што утринава го погоди Тајван се искачи на 711, соопштија локалните власти, додавајќи дека бројот на жртви и понатаму е четири.

Земјотресот со јачина од 7,2 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а некои се заробени во згради и тунели низ градот, соопштија властите, пренесува Би-би-си.

Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години бил почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.

Снимките од локалните медиуми покажуваат срушени станбени згради и луѓе евакуирани од домовите и училиштата.

Од паѓањето на фасадите беа оштетени и многу автомобили и продавници.

Пријавени се прекини на струја и интернет низ целиот остров.