Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници: „Тоа не е намерно, тоа се случува во војна“

Макфакс

02/04/2024

16:14

580

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во ненамерен израелски напад загинале невини луѓе во Газа откога беше објавено дека во енклавата биле убиени седум лица што работеле за хуманитарната програма Светска централна кујна.

„За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент, каде што нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме до крај, ние сме во контакт со владите и ќе направиме сè за да не се повтори ова“, рече Нетанјаху зборувајќи на хебрејски во видеопораката.

Светската централна кујна (WCK) претходно објави дека ги прекинува операциите во Газа по нападот, во кој загинаа седум нејзини работници.

„WCK веднаш ги прекинува своите операции во регионот. Набргу ќе донесеме одлуки за нашата идна работа“, рече извршниот директор на WCK, Ерин Гор.

Организацијата во соопштението рече дека нејзиниот персонал „отпатувал во зоната без конфликт во два оклопни автомобила означени со логото на WCK“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг