На свечена церемонија во Љубљана, беа прогласени деветте победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA) со кои се наградуваат извонредните научноистражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од единаесет земји во Централна и Источна Европа. Почесен говорник на церемонијата беше д-р Наташа Пирц Мусар, Претседателка на Република Словенија.
Победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, International Medis Awards for Medical Research, се: Дамијан Мајерсбург, Дерматологија; д-р Марија Ровчанин, Гинекологија; д-р Мартин Балик, Интензивна нега и анестезиологија; д-р Хана Мојжишова, Неврологија; д-р Јурај Тимкович, Офталмологија; д-р Аља Кавчич, Педијатрија; м-р Драгана Милаковиќ, Фармација; д-р Александра Плавшиќ, Пулмологија и алергологија; и д-р Ана Банко, Ревматологија.
На конкурсот за 11. Меѓународни Медис награди учествуваа лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научноистражувачки трудови во реномирани научни списанија со фактор на влијание, импакт-фактор повисок од 1,500. Годинава пристигнаа 251 апликации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Словачка, Словенија и Србија. 197 апликации ги исполнија сите високи критериуми за номинација за Меѓународните Медис награди.
Тоне Стрнад, м-р по фармација, основач на Меѓународните Медис награди и компанијата Медис, на настанот изјави: „Меѓународните Медис награди прераснаа во горда традиција, растејќи во значењето и признанијата секоја година. Овие награди ги воспоставивме пред единаесет години, на дваесет и петтата годишнина на Медис. Нашата цел е да ги промовираме достигнувањата на лекарите и фармацевтите кои спроведуваат истражувања паралелно со нивната секојдневна работа со пациентите. Инспиративно е да се следи растот на оваа визија.“
Претседателот на Меѓународната стручна комисија, проф. д-р Борут Штрукељ, м-р по фармација, се осврна на пристигнатите истражувања и високите критериуми за номинација: „По единаесетти пат, Меѓународната стручна комисија разгледува извонредни научни трудови. Оваа година ја проширивме иницијативата за да вклучиме автори и од Чешка и Словачка. Им честитам на сите автори чии истражувања ги исполнија високите стандарди потребни за објавување во најпрестижните научни списанија и ги охрабрувам сите да продолжат со својата научна работа и во иднина.“
Д-р Мартина Перхарич, м-р по фармација, Главен директор за бизнис во Медис, ја истакна клучната улога на научните истражувања во регионот на ЦИЕ: „Научните истражувања се пат полн со предизвици, кој бара многу. Уште потешко е кога професионалците го комбинираат истражувањето со клиничката пракса – што во нашиот регион, каде финансирањето и можностите за научен развој се ограничени, претставува уште поголем предизвик. Затоа е толку важно да се препознаат достигнувањата и да се зајакне угледот на лекарите и фармацевтите кои даваат значаен придонес во развојот на нови можности за третман на пациентите.“
Маја Стрнад Цестар, м-р, извршен директор на Медис, зборувајќи за посветеноста на долгорочна поддршка на научните истражувања во регионот, објаснува зошто компанијата го поддржува овој конкурс: „Медис работи со водечки светски фармацевтски компании веќе 35 години за да донесе нови иновативни третмани во 19 земји во Централна и Источна Европа. Нашата цел е да обезбедиме подеднаков пристап на терапиите за пациентите, без разлика од која земја доаѓаат. Со поддршка на медицинските истражувања преку овие награди, помагаме да се промовира истражувањето во медицината, да се создаде пооптимистичка средина за науката и да се зголеми довербата во науката. И, конечно, веруваме дека овие заложби на крајот ќе доведат до откритија кои ќе му користат на човештвото ширум светот.“
Во текот на единаесет години на Меѓународните Медис награди има пријавено 54 научно-истражувачки трудови на лекари и фармацевти од Македонија, 6 научни труда имаат влезено меѓу финалистите, од кои пет се добитници на наградата. Тоа се Савица Марковиќ Станоеска од областа на педијатријата, Весна Гривчева-Пановска за пулмологија и алергологија, Тања Николова за гинекологија, Фанка Гилевска за офталмологија и минатогодишната добитничка на наградата Марија Бабуновска во областа на неврологијата.
За International Medis Awards for Medical Research
International Medis Awards for Medical Research се меѓународна награда доделена од независна Меѓународна стручна комисија за извонредни истражувачки достигнувања во единаесет земји од Централна и Југоисточна Европа во девет медицински области. Се доделува секоја година. Секој победник добива бронзена скулптура The Future (Иднината) од познатиот скулптор Јаков Брдар, сертификат и мала финансиска награда.
International Medis Awards for Medical Research им оддаваат признание на извонредните лекари и фармацевти кои работат истражувања покрај нивната редовна работа со пациенти. Целта на наградите е овие лекари и фармацевти да се запознаат во јавноста, да се рашири свесноста за нивната работа и да се поттикнат тие и другите да продолжат со својата истражувачка работа. Со својата работа тие придонесуваат за важни иновации во медицината и фармацијата и со тоа за поефикасно управување со болестите.
Наградите се основани во 2014 година на иницијатива на компанијата Medis, d.o.o. од Љубљана, која и денес е главен спонзор на Наградите. Повеќе информации се достапни на: www.medis-awards.com.