Пролетта и топлите денови се прекрасен период и одморите се нешто кое сите го исчекуваат. Топлината, природата и светлината покрај убавината носат и предупредување. Особено за оние со нежна кожа, склона кон алергиски реакции. Алергиите знаат да бидат повеќе од мала непријатност, тие не поттикнуваат да го заштитиме здравјето на кожата со будност и грижа.
Помеѓу расцветаната пролет и лето стојат производи што се грижат да бидеме заштитени од несаканите сончеви зраци. Еуцерин Sun Body Allergy Protect Gel-Cream SPF 50 е токму таква “наметка” за кожата што нуди заштита со висок фактор UVA/UVB со гел-крем за заштита од алергија на телото и лицето со висок фактор 50.
Производот е иновација и доказ дека науката оди напред и има спас за непријатноста со која се соочуваат многумина. Алергиите најчесто се јавуваат кај младите и кај оние со светла и чувствителна кожа. Тие носат со себе серија симптоми како што се осипи, црвенила или плускавци што ја нарушуваат убавината и здравјето на кожата.
Формулацијата на производот покрај заштита содржи и антиоксиданси што ја смируваат кожата и ја зајакнуваат одбраната од слободни радикали. Примената на производот е така што се нанесува обилно и многу често, особено по пливање, потење или бришење со пешкир.
Прегратката на сонцето може да биде жестока, секој треба да ги разбере потребите на кожата бидејќи барањата најчесто се уникатни. Не останувајте премногу долго на сонце, дури и додека користите производ за заштита од сонце. Прекумерното изложување на сонце е сериозна закана за здравјето. И секако не ги изложувајте бебињата и малите деца на директна сончева светлина. Избегнувајте контакт на производот со очите. Оставете кремата да се апсорбира за да има најдобар ефект.
Комерцијален текст