Одличен е за здравјето на срцето, очите, ги јакнат коските: 5 причини зошто овој сезонски зеленчук треба да го јадете во изобилие

Точка

28/03/2024

14:54

8.890

Големина на фонт

а а а

Доколку ги консумираме често, тиквичките имаат бројни здравствени придобивки.

Одлична работа е тоа што лесно се достапни, а покрај тоа се многу поволни поради неутралниот вкус и можат да се комбинираат во разни оброци.

Одлични се за здравјето на срцето

Тиквичките содржат добра количина калциум која помага во намалување на крвниот притисок. Исто така содржат умерена количина фолати кои ги разградуваат аминокиселините како хомоцистеин. Значителна количина на магнезиум помага во одржување на нормалниот крвен притисок и рамномерното отчукување на срцето.


Содржат малку калории

Поради тоа што главно се состојат од вода, тиквичките имаат малку калории. Тоа ги прави идеална намирница доколку сте во процес на губење на килограмите.

Го подобруваат здравјето на очите

Тиквичките помагаат во отстранување на подочниците кои се развиваат поради прекумерно задржување на водата. Отоците околу очите се намалуваат и поради содржината богата со вода. Присуството на витамин А во тиквичките помага во активниот развој на клетките во очите, што го подобрува видот и помага во превенција на болести поврзани со стареењето.

Штитат од астма и ги јакнат забите и коските

Поради тоа што тиквичките се одличен извор за витамин Ц, се сметаат за добра намирница во борбата против астма. Витаминот Ц има важна улога во одржување на здравјето на имунолошкиот систем и борбата против респираторните проблеми. Тиквичките содржат и калциум којшто помага во правилното функционирање на нервниот систем, а им даваат моќ и на коските и забите.


Помагаат во намалување на холестеролот

Високото ниво на растителни влакна во тиквичките помага во намалување на холестеролот. Големиот удел на витамин А и витамин Ц спречуваат холестеролот да оксидира во телесните крвни вени, па така тиквичките го ослободуваат телото од вишокот штетни работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг