[ВИДЕО] Човекот е без возачка, пиел алкохол и вози ѕвер од "Мустанг"! Што може да тргне по лошо?

Точка

28/03/2024

13:44

7.829

Големина на фонт

а а а

Возачите на „Mustang“ често доживуваат сообраќајни несреќи, но тоа што го направил овој возач сè уште не сме го виделе.

Се сè одвивало една недела која овој неименуван Чех требало да го прослави својот роденден. Изнајмениот „Ford Mustang Shelby GT 500“ требало да биде пикот на денот и веројатно убав спомен за главниот учесник. Наместо тоа, славеникот учествувал во навистина бизарна несреќа.

Секако, во неговата крв имало и алкохол. Пред да вози, мажот пиел пиво и рум. Малку „задремал“ на семафор и тргнал на црвено светло. Иако избегнал едно „Renault Megane“ благодарение на брзата реакција на возачот, наглото стискање на гасот го истерало „Мустангот“ надвор од патот доволно за да го однесе сообраќајниот знак.

Но, тука катапултираниот „Mustang“ не се сопрел, туку направил цел круг како проектил и удрил во страничниот крај на „Renault“. Среќа во несреќа е дека не станувало збор за голема брзина и дека останатите учесници во сообраќајот на време забележале дека возачот во „жолтиот ѕвер“ не се однесува нормално.

Штетата на „Renault“ е минимална, додека на „Mustang“ е повеќекратно поголема и изнесува барем 10.000 евра. Меѓутоа, 50-годишниот славеник, кој попатно кажано, немал ни важечка возачка дозвола, ќе се соочи и со низа обвиненија.


Несреќен роденден

Меѓу обвиненијата на возачот се минување на црвено светло, пребрзо возење, возење без возачка дозвола под дејство на алкохол. Кога сè ќе се собере, тоа ќе биде прилично голема сума. Во секој случај, роденден за паметење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг