Лавија им се обрати на фановите на Челси по кошмарот кој го доживеа изминативе неколку месеци

Дерби

28/03/2024

11:20

571

Големина на фонт

а а а

Ромео Лавија пристигна како големо засилување за Челси од редовите на Саутемптон, а неговиот трансфер уште повеќе се славеше на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи играчот за врска го одби Ливерпул за да го облече синиот дрес.

Дефанзивниот играч за врска го чинеше Тод Боли 62 милиони евра и требаше да претставува важна алка во системот на Маурисио Покетино, но наместо тоа, повредите му ја уништија дебитантската сезона и истата се претвори во вистински кошмар.

Лавија го пропушти првиот дел од сезоната поради тешка повреда на зглобот, но иако се врати на теренот на крајот на месец декември, неговата радост кратко траеше.

Ромео одигра 32 минути против Кристал Палас и се здоби со мускулна повреда, а проблемот со бутот испадна дека е многу посложен и понепријатен од она првично што се пренесе.

Планот беше да се врати на теренот во април, но Челси вчера информираше дека Лавија ќе биде во аут до крајот на сезоната, што го натера самиот фудбалер да се огласи за кошмарот кој го доживеа.

– Како што веќе знаете, ќе го пропуштам остатокот од сезоната и покрај тоа што вложив безброј напори да се вратам на теренот. Ова беше фрустрирачка сезона за мене, сезона во која не можев да им помогнам на своите соиграчи.

– Го сакам овој тим, го сакам овој грб и сакам да бидам на теренот повеќе од било што. Ви благодарам за љубовта, за поддршката и за критиките, сето тоа влијае позитивно врз мене. Не можам да дочекам да се вратам на теренот и да споделиме специјални моменти заедно. Се гледаме наскоро, – порача Лавија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг