Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Точка

27/03/2024

14:53

6.868

Големина на фонт

а а а

Samsung Electronics објави дека извонредните карактеристики на Galaxy AI, кои беа претходно претставени со серијата Galaxy S24 оваа година, ќе бидат достапни на избрани модели од претходната генерација на уреди на Galaxy од 28 март.

Со новото ажурирање на оперативниот систем One UI 6.1, мобилната вештачка интелигенција ќе биде достапна на серијата Galaxy S23, S23 FE, Z Fold5, Z Flip5 и Tab S9 . Ова ажурирање го подигнува стандардот на искуството со мобилна вештачка интелигенција преку хибриден пристап што ја обединува вештачката интелигенција на уредот и во облак.


Вештачката интелигенција (ВИ) е едно од најголемите откритија на нашето време и се верува дека мобилните уреди ќе станат главна точка за пристап до оваа технологија; Вештачката интелигенција на овие уреди ќе го преобликува начинот на кој корисниците комуницираат со своите најблиски и светот околу нив, а со тоа ќе отвори нови можности и ќе овозможи напредна комуникација, непречена креативност и продуктивност.

Патувањата отсега ќе бидат уште повозбудливи

Galaxy AI е дизајнирана да обезбеди супериорни мобилни искуства со вештачка интелигенција, која им го олеснува секојдневниот живот на корисниците, како на пример прошетката низ улиците на некој странски град и откривањето места исполнети со историски споменици и автентични ресторани.

Додека патуваат, корисниците можат да ја искусат моќта на алатката Interpreter. Ако се најдат во типична италијанска траторија каде што сакаат да нарачаат локални специјалитети, но не се чувствуваат целосно сигурни во зборувањето на италијанскиот јазик, со помош на алатката Interpreter на уредот на Galaxy тие едноставно можат да нарачаат на нивниот мајчин јазик, а алатката ќе ги преведува нивните желби на италијански јазик во реално време, олеснувајќи ја комуникацијата со персоналот во ресторанот.

Покрај тоа, тие можат да ја користат алатката за Превод во живо (Live translate ) за да го преведат текстот што ги опкружува додека шетаат низ градот, на пример, информативните табли со чија помош ќе биде полесно да се најде саканата дестинација. Со едноставно скенирање на текстот со камерата на вашиот паметен телефон, функцијата Превод во живо автоматски ќе го преведе.


При истражување на знаменитостите, како Колосеум или Пантеон, може да се користи функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google ). Доволно е со прст да заокружите фотографија од зграда или споменик на екранот на паметниот телефон и веднаш ќе ги добиете сите интересни информации кои го збогатуваат разбирањето на историјата и културното значење на местата што ги посетувате.

Кога ќе се вратите во хотелот по напорниот ден полн со истражувања, ќе можете да ги запишете своите впечатоци со помош на алатката Помош за белешки (Note Assist ) во апликацијата Samsung Notes, која ќе се погрижи белешките да бидат организирани. Така ќе создадете дневник за вашата посета на Рим, кој подоцна ќе можете да го прочитате и споделите со своите пријатели.


Сите веќе направени фотографии може брзо и лесно да се доработат со помош на алатките Предлог за уредување (Edit Suggestion ) и Генеративно уредување (Generative Edit ). Функцијата Предлог за уредување ќе ги предложи најдобрите корекции на фотографиите, додека функцијата Генеративно уредување ќе може да ги отстрани елементите од сликата што го одвлекуваат вниманието, од луѓе до рефлексии.

Достапни се ажурирања на одредени уреди на Galaxy

Корисниците на серијата Galaxy S23, S23 FE, Z Fold5, Z Flip5 или Tab S9 ќе можат да го преземат ажурирањето на One UI 6.1 почнувајќи од 28 март и да ги истражуваат можностите што ги нуди Galaxy AI.


Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг