Психолозите предупредуваат: Игнорирањето на вашите деца поради мобилниот телефон може да остави последици

Точка

27/03/2024

12:02

3.083

Големина на фонт

а а а

Во денешното модерно време, ретко кој може да си го замисли животот без мобилен телефон. Тие ни служат за одржување на контакт со пријателите, нарачување на храна, шопинг и вести. Сепак, според психолозите зависноста од паметните телефони може да има негативно влијание врз односите со луѓето околу нас.

Истражувањето објавено во списанието „Psychological Reports“ откри дека луѓето кои страдаат од „фабинг“ (phubbing) сè помалку задоволни со своите романтични партнери и имаат поголема шанса да дојде до прекин на врската.


Што точно е „фабинг“? Тоа е збор составен од два англиски зборови – „phone“ (телефон) и „snubbing“ (игнорирање). Се работи за луѓе кои ја игнорираат личноста покрај нив поради нивниот мобилниот телефон. Стручњаците предупредуваат дека ова има исклучително негативно влијание врз децата.

Д-р Мери Алворд, коавторка на книгата „Conquer Negative Thinking for Teens“, го нагласи значењето на посветување внимание на децата кога тоа им е потребно. „Мислам дека е важно родителите да им посветуваат внимание на своите деца кога тие имаат потреба. Секој има моменти кога се исклучува поради мобилниот телефон, но важно е колку често тоа се случува“, изјави таа.


Психотерапевтката Фелис Мартин се согласува дека игнорирањето може да има физички и психички последици врз децата. „Родителите се зависни од паметните телефони за сè, што создава чувство на немоќност без него. Често слушаме родители да коментираат дека не можат да одат никаде без својот телефон“, истакна таа.


Стручњаците сметаат дека е важно да се подигне свеста за „фабингот“, како за доброто на децата, така и за партнерските односи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг