[ВИДЕО] Улиците на овој град се преплавени со напуштени возила

Точка

27/03/2024

10:45

6.634

Големина на фонт

а а а

Во градот со нешто помалку од половина милион жители за само шест месеци забележани се речиси 14.000 напуштени возила.

Оукленд буквално е затрупан со напуштени автомобили кои со време, откако ќе ги расклопат препродавачите на делови, стојат како остатоци на улиците од градот сè додека не ги соберат градските власти. Само во последните шест месеци властите добиле речиси 14.000 дојави за напуштени возила, што е на ниво какво што имаат многу поголемите Сан Франциско и Балтимор заедно.

Работата дополнително се влошила оваа година. Градот веќе нема каде да ги складира напуштените возила. Годишно плаќаат милион долари, но на само еден плац има околу 2.000 возила. Сега веќе нема дополнителни простори и во градот се одлучиле да реагираат само на напуштените возила кои го попречуваат секојдневниот сообраќај.

Значи, ќе реагираат само ако некој ви остави автомобил пред влез, но не и на место каде што не пречи никому, на паркинг или пред училиште. Екипа на „ABC7 News“ се возела со градскиот советник Ноел Гал и за половина час возење успеале да детектираат околу 50 напуштени возила.

Минале и во делови од градот каде повеќето возила завршиле на расклопување поради вадење и продажба на делови. Иако полицијата знае за овие илегални активности, едноставно нема капацитет за реакција, па на крајот ваквите работи се дозволуваат.

Во градот сега одлучиле да вложат дополнителни средства за да ги исчистат улиците од остатоците и да го спречат овој негативен тренд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг