Импресивното комби „Volkswagen“ за лето: „ID. BUZZ GTX“ ќе ве остави без здив

Точка

25/03/2024

12:46

6.895

Големина на фонт

а а а

„ID. Buzz GTX“ дели ист погон со моделот „ID. 7 GTX“, односно два мотори со вкупна сила од 250 Kw, или 340 коњски сили. Разликата е што задниот мотор има нешто повеќе моменти, односно 560 Nm во однос на 545 Nm колку што има „ID. 7 GTX“.

Ќе се нудат две верзии: со стандардно меѓуосовинско растојание и батерија од 79 kWh (бруто 84 kWh) и со продолжено меѓуосовинско растојание и батерија од 86 kWh (бруто 91 kWh).

Перформансите се повеќе од спортски, па „ID. Buzz GTX“ до стотка забрзува за само 6,5 секунди.


„ID. Buzz GTX“ со стандардно меѓуосовинско растојание е достапен како петосед со 40:60 делива задна клупа со три седишта во вториот ред или како шестосед со по две посебни седишта во вториот и третиот ред.


Издолжената верзија може да има пет, шест или седум седишта, при што оние во вториот ред може да се поместат за 150 мм (стандардно меѓуосовинско растојание) или 200 мм (долго меѓуосовинско растојание).


Обемот на гепекот зависи од верзијата, а стандардниот „Buzz GTX“ со пет седишта има 1.121 литри (2.123 литри со преклопени задни седишта), додека долгата верзија со пет седишта нуди 1.340 литри простор, односно 2.469 литри. Во случај на вградување на три реда седишта, за гепекот остануваат 306 литри простор.


„ID. Buzz GTX“ на пазарот доаѓа во втората половина од годината, јавува „Vidiauto“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг