Шармантниот и неодолив „Shabby chic“ стил е идеален за пролетно уредување на вашиот дом во којшто преовладуваат посветлите и поживи бои.
Една таква куќа во која како да живее пролетта се наоѓа во германскиот град Лудвигсхафен на реката Рајна.
„Shabby chic“ стилот е карактеристичен по старинскиот шарм во којшто мебелот, особено дрвениот, понекогаш изгледа застарено, но исто така овој стил на внатрешно уредување е препознатлив и по користењето на многу бели нијанси искомбинирани со пастелни бои.
Во овој стил има и многу цветни дезени, особено на декоративните детали во домот како што се перничињата, а потоа и сите останати предмети: постелнина, шолји за кафе, кујнски крпи итн.
Едно такво прекрасно „shabby chic“ царство постои во германскиот град Лудвигсхафен во кое сѐ е подготвено за пролетта.
Всушност, пролетта од оваа куќа никогаш не излегува затоа што уредена е така што во текот на целата година да живее во тој амбиент.
Во внатрешното уредување преовладуваат белата и пастелно сината боја, а со зелените растенија и цветови целиот простор има доза на ведрина и неверојатно чувство.
Можеби и вас овој стил ќе ве инспирира за пролетно уредување на домот во кој ќе уживате да престојувате.