[ВИДЕО] Се вратил од одмор и дознал дека „починал“: Сега се бори со бирократијата да докаже дека е жив

Точка

21/03/2024

20:15

4.537

Големина на фонт

а а а

Ник Фатурос (34) се вратил дома од подолг одмор и открил дека и официјално е прогласен за мртов.

Ник, кој е жител на Монтреал, Канада, доживеал животен шок кога ја отворил поштата и видел известување од Министерството за правда дека казната за брзо возење ќе биде „наплатена од имотот на починатиот“.

Ник две години престојувал во Костарика, заборавајќи да ја плати казната од 2022 година, пренесува „Дејли стар“.


„Го видов документот и почнав да се смеам. Тоа беше вест“, изјавил тој подоцна за медиумите.

Тој додал дека сега се бори со бирократијата и се обидува да докаже дека е жив.

„Многу е тешко да дојдеш во контакт со властите. А што ќе се случеше ако мајка ми ја отвореше поштата? Не дај Боже“ рекол Ник.


Неговиот адвокат Вилијам Корбатли додал:

„Понекогаш се случуваат вакви грешки, но навистина ретко. Тоа влијае не само на сообраќајната казна, туку и на сè друго. Ник се надева дека ќе докаже дека не е мртов.“

Во меѓувреме, се огласил портпаролот на Министерството за правда кој потврди дека „човечката грешка“ одиграла улога во овој случај.

„Наплатувачот на казни го искористил погрешниот шаблон за кореспонденција. Се извинуваме поради целата ситуација. Ќе се спроведе соодветната комуникација со нашиот граѓанин“, изјавил портпаролот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг