Ружди: Вештачката интелигенција е закана само за неоригиналните писатели и е лишена од смисла за хумор

Точка

21/03/2024

17:15

7.235

Големина на фонт

а а а

Алатките за вештачка интелигенција може да претставуваат закана за авторите на трилер и научна фантастика, но тие немаат доволно оригиналност и се целосно лишени од секаква смисла за хумор за да бидат закана за сериозните романописци, напиша Салман Ружди во француското книжевно списание објавено денес.

Во написот преведен на француски јазик за литературното списание „La Nouvelle Revue Francaise“ (NRF), Ружди вели дека го тестирал „ChatGPT“ барајќи од него да напише 200 зборови во негов стил.

Вештачката интелигенција може да пишува трилери и научна фантастика, но не и сериозни романи

Тој го опишува резултатот како „куп глупости“.

„Ниту еден читател кој прочитал барем една од моите страници не може да помисли дека јас сум авторот. Прилично смирувачко“, вели тој.


„Проблемот е што овие суштества учат многу брзо“, вели авторот на „Сатански стихови“ и „Децата на полноќта“ и добитник на престижната Букерова награда, додавајќи дека вештачката интелигенција сепак може да ги загрози писателите на жанровската литература, како што се трилерите и научната фантастика, каде што оригиналноста е помалку важна.

Тој смета дека особено ранливи би можеле да бидат писателите на филмски и ТВ сценарија.

„Со оглед на тоа што во Холивуд постојано се снимаат нови верзии на исти филмови, вештачката интелигенција би можела да се користи за пишување сценарија“, вели Ружди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг