Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Точка

18/03/2024

20:00

5.750

Големина на фонт

а а а

Иако експертите постојано сугерираат жените да родат деца пред 35-годишна возраст, статистиката ни кажува дека бројот на жени кои првпат станале мајки на возраст меѓу 40 и 44 години е двојно зголемен од 70-тите (според американскиот Центар за контрола и превенција на болести).

Причините поради кои некои жени подоцна во животот стануваат мајки се многубројни и индивидуални.

Во некои случаи се работи за години борба со неплодност, во други за фокусирање на кариерата, недостаток на соодветен партнер со кој ќе основаат семејство и слично.


Бременоста и мајчинството во 40-тите имаат многу предности, но и ризици кои треба да се имаат на ум.

Кои се предностите?

Најголемата предност на мајчинството по 40-тата година е стабилноста во повеќето области од животот. Кариера, финансиска состојба, партнерски однос – сè е подефинирано отколку во периодот пред 10 или 20 години.

Времето да му се посветите на бебето сега е приоритет и најголема преокупација, бидејќи многу други животни предизвици се веќе решени. Покрај тоа, мајките во 40-тите често имаат јасна претстава за тоа како сакаат да го воспитуваат своето дете и се успешни во тоа.

Истражувачите кои се занимавале со оваа тема заклучиле дека раѓањето бебе подоцна во животот го намалува ризикот од оштетување на когнитивните (мисловни) функции подоцна во животот, го продолжува животниот век на жените и предвидува подобар академски успех за децата.


Висок ризик

Сите бремености по 40-тата година се сметаат за потенцијално ризични, а лекарите посебно се грижат за сите аспекти на здравјето на трудницата и бебето во утробата.

Тие го прават тоа со следење на крвниот притисок на бремената жена (ризик од прееклампсија), контролирање на шеќерот во крвта (гестациски дијабетес), тестирање на фетусот за потенцијални вродени дефекти, следење на ризикот од спонтан абортус, анализа на големината на фетусот (зголемена шанса за недоволна тежина) и утврдување дали се работи за случајна ектопична бременост (понекогаш се јавува како резултат на ин витро оплодување).

Познато е дека бременоста во четириесеттите со себе носи поголем ризик за генетски аномалии на бебето. Затоа е многу важно навреме да се утврди дали вашето бебе е здраво. Неинвазивните пренатални тестови со голема сигурност ги откриваат најчестите хромозомски абнормалности уште во 10-тата недела од бременоста.


Како возраста влијае на плодноста?

Се смета дека плодноста кај жените значително се намалува по 35-тата година од животот.

Според статистичките податоци, секој трет пар на возраст над 35 години се соочува со некаков облик на неплодност.

Ова се ризиците кои се зголемуваат со возраста:

• помал број на јајце-клетки за оплодување

• јајце-клетки со слаб квалитет

• јајниците не можат да ослободат јајце клетки

• повисока стапка на абортуси

• други здравствени проблеми кои можат да влијаат на плодноста

Како да забремените во четириесеттите?

Без разлика на возраста, бременоста многу често бара време. Меѓутоа, доколку имате 40 години и по 6 месеци обид не сте успеале да останете бремени, би било добро да посетите гинеколог или експерт за неплодност. За време на прегледите ќе дознаете дали има некој фактор што ви го отежнува зачнувањето. Ако постои, најверојатно ќе ви биде понудена хормонска терапија или процедури како што се оплодување и вештачко оплодување (IVT).

Забременувањето, но и поминувањето низ сè што повлекува бременоста на оваа возраст, секако не е лесно. Болките во зглобовите и коските се нешто што е многу очекувано, а шансите за висок крвен притисок и гестациски дијабетес се зголемени. Дополнително, заморот за време на бременоста е поприсутен сразмерно на возраста на трудницата. Во секој случај, ниту една бременост не е иста, затоа треба да се консултирате со вашиот избран лекар за деталите за бременоста и грижата за себе и вашето бебе.


Обидете се да се храните поздраво, да вежбате повеќе и да се обидете да изгубите тежина ако имате проблеми со дебелината. Само 5% од телесната тежина драматично ја зголемува плодноста.

Уживајте во редовен секс со партнерот и почнете да ги следите циклусите и овулацијата веднаш штом ќе почнете да размислувате за забременување. Не заборавајте да земате таблети со фолна киселина дури и пред зачнувањето.

Можноста да уживате во периодот на планирање на бременоста и да ги претворите вашите соништа за бебе во реалност е прекрасен момент. Има шанси за бременост после четириесет и само треба да се потрудите да ги остварите.

Препораки за породување

По 40-тата година, шансите за природно раѓање се намалуваат. Една од причините е поголемата шанса за предвремено раѓање (најчесто предизвикана од самите третмани за неплодност).


Покрај тоа, не е невообичаено овие трудници да имаат прееклампсија (зголемен крвен притисок), па царскиот рез е многу подобра опција за здравјето и на бебето и на мајката.

Отворено разговарајте со вашите лекари за тоа кое е најдоброто решение за вас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг