Доколку сакате да се ослободите од мастите на стомакот, да го зачувате здравјето на крвните садови тогаш треба да го јадете овој зеленчук

Точка

23/04/2024

13:50

14.445

Големина на фонт

а а а

Секој нутриционист ќе ви каже дека зелениот зеленчук е меѓу најздравите намирници кои може да ги консумирате, а еден од нив особено се истакнува.

Станува збор за спанаќот којшто е одличен извор на хранливи материи како витамин Ц и Е, бетакаротен, манган, цинк и селен кои го штитат организмот од бројни болести поврзани со антиоксидативниот стрес, а тоа особено е важно за здравјето на крвните садови.


Спанаќот секојдневно треба да го консумираат лицата кои боледуваат од остеопороза, а поради калиумот и жените кои влегуваат во менопауза.

Освен тоа, спанаќот го поттикнува дигестивниот систем, помага во слабеење, го нормализира нивото на шеќер во крвта, ја подобрува работата на мозокот и е одличен избор за анемичните лица.

Исто така овој зеленчук е најдобар за оние кои сакаат да ослабнат, особено доколку сакате да се ослободите од мастите на стомакот.

Имено, губењето на висцеларните масти кои се наоѓаат околу органите во стомакот, бара промена на начинот на живот и прехранбени навики, па затоа потребно е да вклучите повеќе растителни влакна и протеини во исхраната, ограничувања на консумирање на трансмасти и дополнителен шеќер, а нема да ви одмогне ниту редовното вежбање.


Поради тоа што спанаќот има висок состав на растителни влакна и многу малку калории, само 23 на 100 грама, како и многу протеини, сето тоа ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време, а ќе го поттикне и дигестивниот систем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг