[ФОТО] Наместо класична бела кошула – женствен тренд со кој нема грешка! Осмислен е за заводнички и е забавен и многу романтичен

Точка

18/03/2024

18:34

6.403

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку недели меѓу најпопуларните трендови на социјалните мрежи е т.н. „coquette“, кој најлесно се практикува со помош на блузи и кошули.

Кога станува збор и за формалниот и за секојдневниот стил, наједноставната бела кошула е моделот на кој му остануваме верни низ годините како сигурно парче за сите прилики.

Белата кошула е практична, класична, лесно се вклопува и дава многу шик нота на модната комбинација, но во последните неколку недели инфлуенсерките започнаа да ја заменуваат со нешто поефектни модели, благодарение на т.н. „coquette“ тренд.


За тоа, како и обично во изминатите години, може да се заблагодариме на социјалната мрежа ТикТок, каде доминираат романтични парчиња со панделки, тантела, шифон, рози, ленти, со проѕирни делови или изрези...

Така се роди трендот на „coquette“ блуза, во слободен превод „блуза за кокетирање“.

Овие нежни и женствени кошули со „кокетна естетика“ се главно еднобојни, но можат да се најдат многу впечатливи примери со животински принт, совршени за овој тренд.

Воглавно ракавите се претежно лелеави, лесни, понекогаш и ѕвонести, но во секој случај волуменозни, а сè зрачи со доза на носталгија.

Ваквите ефектни блузи совршено се комбинираат со едноставни панталони и здолништа, па затоа се одличен додаток на елегантните модни комбинации. Тие се против здодевноста, веќе видената формалност и модната строгост, па ако сакате да избегнете монотони и еднолични изданија - ќе бидат совршен додаток на вашиот аутфит!


Се верува дека за популарноста на овој тренд во голема мера придонесе гледаноста на серијата „Bridgerton“ во која дамите носат облека со винтиџ и романтични детали.


Сепак, на мрежите го пласираше инфлуенсерката Келен Бекет, која вели дека овој тренд е шанса да се „прифати женственоста“.

„Се сеќавам дека, кога одев на училиште, не се сметаше за кул да се биде девојче. Несакањето розова боја беше нешто кул“, истакнува таа и додава дека сега работите се целосно променети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг