„Бев на нудистички крузер со 2000 голи луѓе“: Сите кои се убедени дека таму се прават оргии, треба да ги знаат следните работи – постојат и правила

Точка

18/03/2024

22:19

31.562

Големина на фонт

а а а

Човек којшто бил на нудистичко крстарење со уште 2000 голи луѓе, одговарал на прашања за своето искуство.

Компанијата „Bare Necessities Tour and Travel“ има крстарење кое тргнува од Флорида и запира во Мексико и Хондурас во времетраење од една седмица на отворено море.

Таму патниците не биле голи постојано и не се очекувало од нив на пристаниште да слезат голи.

Очигледно е дека посадата им кажала на патниците, околу 30 минути пред запирањето дека мора да облечат нешто, а во исто време тоа важело и за враќање на море.

Меѓутоа, доколку мислите дека качувањето на 2000 луѓе на брод е само изговор за огромни оргии, тогаш страшно би погрешиле затоа што човекот објаснил дека „феноменалното“ крстарење не било „крстарење за свингери, а немало ниту сексуални чинови во опкружувањето“.

„Нудистичкото крстарење е многу несексуално, барем не во јавноста. Не знам што прават луѓето зад затворени врати, како што не знам што луѓето прават зад затворени врати дома“.

Ова се правилата за однесување

Овој човек ги опишал и правилата до кои луѓето треба да се придржуваат, вклучувајќи го и седењето само кога ќе поставите пешкир за да избегнете 2000 голи задници да остават трага на бродот за крстарење.


Освен што носите облека на пристаништата, облека мора да носите во трпезаријата и на коктел со капетанот, а иако тоа не мора да биде нешто отмено, не може на вечера да се појавиле облечени само во долна облека или мантил.

Исто така тој се погрижил да го забележи златното правило на крстарењето – без фотографирање.

Поголем дел од луѓето биле голи подолго време

Кога станува збор за начинот на којшто го поминуваме летниот одмор, сите имаме различни преференции.

Некои луѓе сакаат да ги истражуваат знаменитостите на историските градови, додека други сакаат да се опуштат и на егзотичните острови.

Но, некои се воодушевуваат така што поминуваат време на огромниот брод за крстарење со уште 2000 луѓе – и тоа сите голи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг