„The Times“ состави листа на градови кои, како што напиша, се совршени за пролетен одмор.
На листата тој сместил и два хрватски градови – Ровињ (којшто се нашол на шестото место) и Загреб (којшто се нашол на деветтото место).
„Калдрмата во овој град ве потсетува на Дубровник, но со многу помалку метеж од таму. Најдобрата работа напролет во Ровињ е тоа што прошетките покрај крајбрежјето се прекрасни“, напиша „The Times“.
Од таму додале дека Ровињ има прекрасни истористи куќички и ресторани кои служат плодови од морето, свежи тестенини и тартуфи.
Загреб, пак, го опишале како „една од најзанемарените престолнини во Европа“.
„Овој град има топ којшто сѐ уште пука, секој ден напладне. Малиот, но препознатлив музеј ќе ве обземе со денови, а за почеток обидете се со Музејот на прекинати врски. Австроунгарската архитектура на градот ќе ви го привлече погледот додека шетате кон улицата каде може да најдете „craft“ пиво.
Загреб е исклучително пристапен, со хотели со пет ѕвезди под 120 фунти од вечер и автентични јадења како штрудли кои чинат околу пет фунти“, пишува во објавата.
Голвеј (Ирска);
Келн (Германија);
Љубљана (Словенија);
Атина (Грција);
Будимпешта (Унгарија);
Гент (Белгија);
Фес (Мароко);
Мадрид (Шпанија);
Солун (Грција);
Краков (Полска);
Лион (Франција);
Стокхолм (Шведска);
Валета (Малта);
Лече (Италија);
Цирих (Швајцарија);
Амстердам (Холандија);
Палма де Мајорка (Шпанија);
Палермо (Италија);
Ница (Франција);
Истанбул (Турција);
Марсеј (Франција);
Пафос (Кипар).