Силата на жената доаѓа од факти кои ни психологијата не може да ги објасни. Мажите можат да се анализираат, а жените... само да се обожаваат, изјави Оскар Вајлд
За вас издвоивме неколку цитати од познати личности кои зборуваат за тоа колку се силни и посебни жените, колку мажите ги обожаваат, колку светот би бил празен и досаден без жените...
1. Убавината на жената е во нејзините очи затоа што тие се вратата на нејзиното срце, местото каде што живее љубовта - Одри Хепберн
2. Мажите можеби измислиле оган, но жените измислиле како да си играат со него - Кендис Берген
3. Жената е како кесичка чај. Никогаш не знаете колку е силна додека не ја ставите во топла вода - Ненси Реган
4. Се омажив за археолог бидејќи колку повеќе стареам, тој повеќе ме цени - Агата Кристи
5. Никој не може да направи да се чувствувате помалку вредни без ваша дозвола - Елинор Рузвелт
6. Ако сакате нешто да се зборува, прашајте маж, ако сакате нешто да се направи, прашајте жена - Маргарет Тачер
7. Не ми пречи да живеам во машки свет се додека можам да бидам жена во него - Мерлин Монро
8. Жена стои како порта, на излезот и влезот на овој свет - Иво Андриќ
9. За маж без жена, нема рај ниту на небото ниту на земјата. Без жена, нема да има Сонце, ниту месечина – арапска изрека.
10. Ако жена ти те победи на тенис, смени го спортот. Ако жена ти те тепа во бокс, смени ја сопругата - Мухамед Али
11. Жената е единственото суштество кое може да плаче или смее од истата причина, а често и во исто време - Жан Батист Покелен Молиер
12. Силата на жената доаѓа од факти кои ни психологијата не може да ги објасни. Мажите може да се анализираат, жените... само да се обожуваат - Оскар Вајлд