Овој град гради куќи со мали станови за бездомници: Целта им е ниту едно лице да не биде без дом до 2040 година

Точка

07/03/2024

11:44

3.030

Големина на фонт

а а а

Тажен е фактот што речиси и да нема земја во светот во која не постојат бездомници и сиромаштија, а помагањето често е еден од приоритетите на градските и државните системи за социјална заштита.

Луѓето кои останале без дом имаат различни причини за тоа, од здравствени проблеми, губење работа, до несреќни сплетови на животни околности. Белгискиот град Гент спроведува проект кој ќе им помогне на бездомниците, ќе им обезбеди покрив над главата и ќе се обиде повторно да ги интегрира во општеството. Неодамна била довршена изградбата на 11 згради, кои ги нарекле „робусни куќи“, во кои малите станови наскоро ќе им бидат доделени на бездомници.


Секој има свој мал дом, а градината со пешачки патеки е заедничка

Вкупно 11 споени згради се наоѓаат во градската населба Синт-Амандсберг. Девет куќи се на два ката, а две се приспособени за луѓе во инвалидски колички. Секоја куќа има мала приватна градина со ограда, а до неа има и заедничка градина со пешачки патеки, а изградени се и пристапни патишта и сета потребна инфраструктура. Становите ќе се издаваат преку Социјалната канцеларија, а изградбата и целиот проект ќе бидат финансирани од локалната и покраинската управа. Тие сметаат дека овие домови ќе им дадат шанса на бездомниците за нов почеток и повторна интеграција во општеството, од кое често се целосно исфрлени.


Идејата за проектот потекнува од Данска

Овој проект е прв од ваков вид во Белгија, но идејата за „робусни куќи“ потекнува од Данска, која прва спроведе сличен проект. Целата иницијатива е дел од поширокиот акционен план на градот наречен „ROOF“, а целта на градот е целосно да се искорени бездомништвото во Гент до 2040 година.

Куќите се нарекуваат „робусни“ бидејќи се визуелно и архитектонски базични

Освен иницијативата која е вредна за пофалба, интересен е и самиот концепт на куќите. На фламански се нарекуваат „robuuste winingen“, односно робусни куќи и се градат исклучиво за оваа намена. Нивната карактеристика е што визуелно и архитектонски се многу базични, со цел да се минимизираат околните потпори. Секој стан има 36 квадратни метри и целиот комплекс е дизајниран со идеја да им обезбеди удобност и приватност на корисниците.


Првите станари ќе бидат пет жени и шест мажи

Куќите ќе се изнајмуваат на лица кои подолго време се без покрив над главата. Првите станари ќе бидат пет жени и шест мажи. Секој од нив ќе добие поддршка од социјалните служби, а на локацијата во текот на денот ќе биде присутен и управител кој е замислен како главен контакт за жителите и остатокот од населбата. Целта на проектот е постепено навикнување на луѓето кои долго време се бездомници повторно да се чувствуваат и функционираат како членови на заедницата.