[ФОТО/ВИДЕО] Познатата актерка се свртела и ја покажала пластичната танга за „паѓање во несвест“: Додека многумина се ужаснати, модните експерти согласни дека ова е „топ“ стајлинг

Точка

04/03/2024

17:59

7.269

Големина на фонт

а а а

Каква ревија, таков и стајлинг. Актерката Џулија Фокс, вчера на ревијата на познатата модна куќа „Mugler“ на Модната недела во Париз, облекла костим кој многумина ги потсетил на извесни изданија од карневалот во Рио, но овој стајлинг совршено се вклопува со нејзиниот препознатлив стил, поради што „Vogue“ минатата година ја сврстил во 15-те најдобро облечени ѕвезди на светот.

Актерката Џулија Фокс сака ексцентричен моден стил, можеби е и неизбежно некои да ја фалат, а други критикуваат, бидејќи овој манир во облекување обично предизвикува спротивставени коментари. А она што е невообичаено за другите, за неа е сосема вообичаен моден избор.


На ревијата таа носела проѕирен костим со детал од танга, пластичните детали на градите ги покривале нејзините облини, а самата облека создала интригантна оптичка илузија бидејќи за момент изгледало како Џулија на себе да нема ниту едно парче облека.



Предизвикувачката облека е светски моден тренд, а оваа актерка избира најпровокативна варијанта, слична на Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, со која ги поврзува токму контроверзниот рапер – со кого Џулија претходно била заедно.



Случајно или не, и поранешната и сегашната партнерка на Канје Вест имаат повеќе од провокативен начин на облекување, а Бјанка е уште повеќе посмела на тоа поле, во што светската јавност многупати била уверена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг