Многу реакции во јавноста имаше минатата година, откако Сашко Коцев по 17 години не беше водител на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Актерот, поради претходно договорени обврски кои му одземале доста време, како подготовките и снимањето на комедијата „Нешто слатко“, не успеал да стаса да се посвети на „Златна Бубамара“. Во вториот дел од гостувањето во емисијата „Еден на Еден“ кој ќе се емитува в недела на Канал 5 од 18.30, Коцев детално ја раскажа целата приказна.
- Бев доста изморен, како играч којшто е голгетер и вели: Изморен сум, ме боли ногата. Ама мораш да играш! Не тоа, јас не можам да придонесам, јас само ќе наштетам на играта. Навистина изморен и истоштен се чувствував, и им реков дека не моажам, и мислам дека таму за еден млад човек е многу добро да исплива на површина, да се покаже во едно добро светло.
Јас секако останувам дел од тоа, заедно сме. По мене, таму треба нов човек да се освежи, и публиката да ја освежиме. Но, тоа не мора да значи дека така ќе случи. Зашто ти тука го имаш Ранко Бубамара. Нема ти што мислиш. Јас ќе ти кажам. Вака ќе направиме, од тука ќе излезеш. Но, тоа си останува, во игра сме, а се сфати како некаков скандал. Што се случи? Велам, не сум обврзан, не сме земени ние“, рече Сашко во „Еден на Еден“. Годинава, тој се појави повторно на „Златна Бубамара“ чија овогодишешна снимка ќе се емитува в недела на Канал 5, веднаш по „Еден на Еден“.
Ова видео раскажува мал дел од гостувањето на Сашко: