„Најбезобразното предавство во историјата“: Поранешен американски амбасадор призна дека со децении шпионирал за Куба

Точка

02/03/2024

09:32

3.074

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски амбасадор Мануел Роча изјавил дека ќе се изјасни како виновен по обвиненијата дека служел како таен агент за Куба децении наназад, носејќи неочекувано брзо решение за случајот кој обвинителите го опишале како едно од најбезобразните предавства во историјата на американските странски служби.

73-годишниот Роча на судијата му кажал дека ќе ги признае обвиненијата за заговор дека делувал како агент на странска влада, што би можело да одведе неколку лица зад решетки на неколку години, пренесува „AP“.

Неговиот адвокат изјавил дека со обвинителите се договориле околу казната, но должината на казнениот рок вчера не била соопштена во судот. Следното рочиште е закажано за 12-ти април.


Обвинителите навеле дека Роча учествувал во тајни активности во име на Куба најмалку од 1981-ва година, кога пристапил кон американската надворешна служба, вклучувајќи состаноци со кубански разузнавачки оперативци и пружање на лажни информации на службеници на американската влада за своите контакти.

Роча, чија дводецениска кариера како американски дипломат вклучувала високи позиции во Боливија, Аргентина и Одделението за американски интереси во Хавана, бил уапсен од ФБИ во неговиот дом во Мајами во декември.


Случајот во голема мера се потпира само на признавањето на Роча минатата година на таен агент на ФБИ кој се претставувал како оперативец на кубанската разузнавачка служба по име Мигел.

Роча го фалел покојниот кубански лидер Фидел Кастро како „командант“, ги означил САД како непријател и се фалел дека повеќе од 40 години служел како кубански крт во срцето на американските надворешно политички кругови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг