Некогашниот идол на тинејџерите крие зошто е несреќен: Се верува дека пати по поранешната љубов која ја испрати на психијатрија, но – ова е вистината

Точка

01/03/2024

19:05

7.839

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата, Џастин Бибер, во последните неколку години живее далеку од очите на јавноста.

Пејачот одлучил да направи пауза од својата музичка кариера откако во 2022 година му беше дијагностициран Ramsay Hunt синдром којшто може да предизвика парализа на лицето.

„Како што гледате, со едното око не можам да трепкам. Исто така на едната страна од лицето не можам да се насмеам. Значи, на таа страна од лицето имам целосна парализа“, изјавил Бибер пред фановите.

Поголем дел од времето сега тој го поминува во друштво на сопругата Хејли, а нивниот однос со години ги интригира обожавателите.

Судбоносното „да“ парот го кажа во 2018 година, а многумина сметаа дека станува збор само за претстава за јавноста.

Причината за тоа многу од обожавателите ја гледаат во поранешната љубов на Џастин, Селена Гомез, која заврши во психијатриска установа на денот на нивната венчавка.

Други, не би се согласиле. Веруваат дека нивната љубов е вистинска и искрена и дека не е само медиумска фарса туку успешен брак од неколку години.

Џастин и Селена романсата ја потврдија на почеток на 2011 година. Тие раскинуваа и се смируваа неколку пати, а сето тоа беше проследено и во медиумите.

Пролетта, 2018 година тие конечно одлучиле да раскинат. Пејачот потоа ја најде среќата крај супермоделот и денешната сопруга Хејли која поради исмевањето на Селена стана една од најомразените жени во светот.

И покрај ова, многу од обожавателите сметаат дека Џастин сѐ уште пати по поранешната девојка, што предизвикало големи проблеми во бракот со Хејли.

„Се венчаа многу млади и не знаеја во што се впуштаат и од тогаш имаа издигнувања и падови. Стресот во нивниот брак не доаѓа само поради сенката на Селена Гомез“, изјавил извор близок до парот.

Во нивниот брачен однос сега се вмешала и опасната болест од која пати пејачот и која дополнително ја забави кариерата на Џастин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг