Ханси Флик, поранешниот селектор на Германија и тренер на Баерн, како што пренесуваат шпанските медиуми, имал позитивна серија на разговори со челните луѓе на Барселона и се истакнал како прв кандидат на крајот од сезоната да го замени Чави Хернандез.
Флик е без работа од септември, откако го напушти селекторското место на германската репрезентација по поразот во пријателскиот натпревар со Јапонија (4-1).
Барселона на крајот од сезоната ќе остане без тренер, откако Чави кон почетокот на февруари го најави заминувањето од клубот.
🚨🚨🌕| BREAKING: FC Barcelona have chosen two finalists to replace Xavi:
— UDSM ICON (@udsm_icon) March 1, 2024
• Roberto De Zerbi
• Hansi Flick
One of them is expected to be the next coach of Barça. Credit @ManagingBarca @CatalunyaRadio pic.twitter.com/DVfah6gB4V
Покрај Германецот, како можни кандидати да ја преземат Барселона се споменуваат и тренерот на Брајтон Роберто Де Зерби, Жозе Мурињо и тренерот на Баерн, Томас Тухел.
Флик пред репрезентацијата на Германија седеше на клупата на Баерн од Минхен, Хофенхајм и Викторија Баментал.
Како асистент работел во Салцбург, додека како фудбалер ги бранел боите на Сандхаузен, Баерн, Келн и Викторија Баментал.