„YouTube“ бесплатно воведува една Премиум функција: Дали дојде и до вас?

Точка

01/03/2024

16:31

8.782

Големина на фонт

а а а

„YouTube“, според некои извештаи, воведе корисна функција и за оние кои ја користат бесплатната верзија на апликацијата.

Имено, во САД се нуди опцијата „Picture-in-Picture“ (PiP) и за оние го користат „YouTube“ бесплатно, и тоа уште од 2022-ра година.

Ова овозможува прозорчето на видеото да се намали, и телефонот да може да се користи за нешто друго додека видеото си тече.


Како што наведува веб-страницата „Android Police“, „Google“ веќе го нуди „PiP“ на бесплатната верзија во некои европски региони, и за „Android“ и за „iOS“ оперативни системи.

„Google“ сè уште не се огласи за да го потврди сето ова – всушност, и натаму тврдат дека ќе ви биде потребен „YouTube Premium“ за да можете да користите „PiP“ во регионите надвор од Соединетите Американски Држави.


Вреди да се нагласи дека сепак морате сами да ја вклучите опцијата „PiP“. Тоа можете да го направите така што ќе одите на „YouTube“, ќе ја одберете иконата за вашиот профил, потоа во „Settings“, „General“ и потоа таму ќе активирате „Picture-in-Picture“.