Илон Маск е најбогатиот човек на светот, но тоа не е доволно: Социјалната мрежа „Х“ ја зголеми цената на претплатата

Макфакс

26/12/2024

11:54

700

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа "X" вчера објави дека ја зголемила цената на најскапата претплата на Premium Plus на 22 долари месечно.

Луѓето кои се претплатиле на "Premium Plus" под старите услови можат да ја користат претплатата до 20 јануари, пренесува "Reuters".

Според компанијата "X", дел од приходите од зголемената цена на претплатата ќе оди кај креаторите на содржини на платформата и ќе и овозможи на компанијата да ја намали зависноста од реклами.


Промените засега ќе се појават само во некои земји.

Корисниците на "Premium plus" сега ќе можат да ги прелистуваат содржините без реклами, а исто така ќе можат повеќе да ги користат услугите за разговор на "Grok" и новата функција "Radar".


Цената на претплатите на "Basic" и "Premium" не е променета, што значи дека тие остануваат на три и осум долари месечно, се додава во соопштението.