„Изложен сум на поголем безбедносен ризик отколку што беше мојата мајка“: Принцот Хари загрижен за својата безбедност, ја спомнал и принцезата Дајана

Точка

01/03/2024

14:25

5.930

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари сака да знае кој е одговорен за намалувањето на неговата полициска заштита додека престојува во Велика Британија, покажале судските документи на кои пишува дека после одлуката на Високиот суд во Лондон тој го изгубил спорот против британската Влада поради одлуката за промена на нивото на неговата лична безбедност при посета на татковината.

Војводата од Сасекс, принцот Хари, потенцијално се соочува со големи сметки за надомест на приватните трошоци на даночните обврски после што судијата кажал дека не е докажано дека намаленото обезбедување било незаконско.


Хари го тужел Министерството за внатрешни работи затоа што повеќе не му го дава истото ниво на заштита откако тој и неговата сопруга Меган Маркл се откажале од должноста и ја напуштиле Велика Британија во јануари 2020 година.

Во вчерашната одлука на судот на 52 страници објавено е дека тој барал да знае кој е одговорен за таа одлука, велејќи: „Сакам да ги знам имињата на тие лица“.

Тој ја споредил опасноста на која се изложени тој и неговото семејство со ризиците со кои се соочила неговата мајка, принцезата Дајана, пред да настрада во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз додека ја бркале папарацо фотографите.


Војводата рекол дека неговото семејство е ставено во таа позиција, а никој пред 23 години не сакал во таа положба да е неговата мајка Дајана.

Кажал дека тоа се дополнителни слоеви на расизам и екстремизам и побарал некој да преземе одговорност за она што би можело да му се случи него и на сопругата Меган Маркл, како и на нивните деца Арчи и Лилибет.

Во документите наведено е и што смета за закана за своето семејство, но тоа не е откриено. Во списоците истакнува и дека Ал Каеда сакала негово убиство.


Експерт за приватно обезбедување од Америка којшто соработува со Хари кажал дека Хари се чувствува загрозен од 2021 година.

Принцот Хари најавува жалба на одлуката на Високиот суд во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг