„Мундо депортиво“ има совет за Деко и Лапорта: Донесете го Димитриевски

Макфакс

01/03/2024

13:16

2.282

Големина на фонт

а а а

„Мундо Депортиво“, еден од водечките медиуми во Каталонија, ги советува челниците на фудбалскиот клуб Барселона, во летниот преоден рок да го ангажираат македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски.

Во текстот се посочува дека договорот на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува на крајот од сезоната, што значи дека во четниот преоден рок ќе биде слободен игра. „Мундо Депортиво“ тврди дека Димитриевски би бил идеална опција за втор голман, покрај непрокосновениот Марк-Андре тер Штеген.

„Голманот кој е неприкосновен во Рајо Ваљекано може да биде интересна опција со нула трошици и големо искуство во Ла Лига. Овие два фактори го прават сериозен кандидат за голот на Барселона. Во клубот добро се запознаени со неговите квалитети“.

„Мундо Депортиво“ потсетува дека во минатото Димитриевски беше многу блиску до Барселон. Во 2022 година Барселона имаше договор македонскиот репрезентативец, но Бразилецот Нето во последен момент се откажа од заминувањето, па трансферот пропадна.

„Во јануари 2022 година, Димитриевски беше блиску до трансфер, подоцна призна и дека имал договор со Барселона, се беше подготвено, требаше само да се потпише договорот“, пишува во текстот на „Мундо Депортиво.

Димитриевски минатата недела изјави дека нема проблем кариерата да ја заврши во Рајо Ваљекано. Значи тој има желба да остане во Мадрид, но во моментов не зависи се од него.