Тегобите и раздразливоста се поврзани со раните знаци на стареење на срцето, покажала британска студија.
Како би ја истражиле поврзаноста помеѓу менталното здравје и работата на срцето, тим научници од Универзитетот „Queen Mary“ во Лондон ги прегледале снимките од срцата на 36.309 пациенти, кои го пополниле прашалникот за своите „невротични особини на личноста“, како што е нестабилното расположение, анксиозноста, раздразливоста и малодушноста.

Истражувачите ја поврзале „поголемата склоност на поединци кон невротични особини“ со полоша вентрикуларна функција, поголема миокардна фиброза и поголемо стврднување на артериите.
Било утврдено дека оваа поврзаност е независна од традиционалните фактори на ризик за проблеми со срцето, како што се пушењето и дебелината, и била почеста помеѓу мажите.

„Знаеме дека постои поврзаност помеѓу менталното здравје и потенцијалниот развој на кардиоваскуларните болести. Нашата студија откри дека штетните промени на срцето се забележани кај луѓе со невротични особини на личноста како што се анксиозност, депресија и претерана загриженост“, зборувал Стивен Петерсен, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот „Queen Mary“ во Лондон и додал:

„Дури и кога се земаат предвид факторите на животниот стил како што се пушењето, телесната тежина и возраста, се чини дека невротичните особини се поврзани со знаци на стареење на срцето“, истакнала професорот Петерсен и навел дека неговиот тим сега се обидува да открие како овие особини на личноста долгорочно влијаат на функцијата на срцето и на ризикот од развој на срцеви заболувања.










