[ВИДЕО] „Lenovo“ претстави прототип на лаптоп со проѕирен екран: Објавена снимка на која очите не и веруваат

Точка

29/02/2024

10:58

8.781

Големина на фонт

а а а

Иновацијата е претставена на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.

Кинескиот технолошки гигант „Lenovo“ денеска на Светскиот конгрес за мобилна технологија (MWC) во Барселона претстави прототип на нов лаптоп со проѕирен екран.

Лаптопот има таканаречен „trackpad“ со тастатура која е чувствителна на допир и пенкало за цртање или навигација, пренесува „CNBC“.

Компанијата ги прикажала можностите на лаптопот така што ставила вештачки сончоглед зад екранот, а камерата која е вградена во уредот успеала да го идентификува објектот како сончоглед и да даде информации за него користејќи вештачка интелигенција.


Новиот лаптоп според претставникот на „Lenovo“ би може да се употреби при проектирање.

Ако архитектот планира проширување на домот, може да го види објектот преку екранот и да го искористи пенкалото за цртање на својот дизајн.

Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона се одржува од 26-ти до 29-ти февруари и претставува еден од најголемите самити од овој вид на светот, се наведува на веб-страницата на „MWC“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг