„Што мисли тој додека парадира со ќерка ми како да е евтино парче месо?“: Таткото на Бјанка очаен поради она што Кајне го прави со неговото дете – „Одвратно!“

Точка

28/02/2024

21:40

15.094

Големина на фонт

а а а

Родителите на Бјанка Ценсори се очајни поради досега најпровокативното издание на нивната ќерка, а нејзиниот татко одлучил да се соочи со Кајне Вест.

Бјанка била фотографирана вчера во Париз со нејзиниот сопруг, а додека тој на себе имал неколку слоеви гардероба, таа продефилирала во проѕирни црни хулахопки, под кои не носела долна облека.


„Нејзиното семејство и пријатели се понижени затоа што ситуацијата станува се полоша и полоша. Бјанка Ценсори очигледно не разбира дека тоа што го носела не само што е одвратно и дава лош пример, туку дека потенцијално го прекршува и законот“, открил извор за „Daily Mail“, па додал:

„Во меѓувреме, Канје Вест е покриен со пет слоеви облека, а својата сопруга речиси гола ја покажува наоколу, како да е некој трофеј“, зборувал изворот.

Како и многу други, родителите на Бјанка сметаат дека Канје манипулира со неа и дека тој стои зад идеите со вакви испади.


Нејзините родители се многу вознемирени бидејќи не ја препознаваат. Таа тоа не би го направила доколку тој не ја контролира“, продолжил изворот, па додал:

„Таткото на Бјанка, Лео, сака убаво да седне со Кајне и да го праша што, по ѓаволите, мисли кога парадира со Бјанка наоколу како евтино парче месо кое го купил на пазар“, зборувал изворот близок до Бјанка.


Да потсетиме, парот предизвикува контроверзии каде и да се појави, а тоа е случај од 2022 година и денот на нивната венчавка, која законски не е признаена, иако подоцна се појавиле информации дека парот има официјална потврда дека се во брак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг