Овие четири намирници кои го јакнат вашиот имунитет би можеле да ви го продолжат животот

Точка

26/02/2024

20:00

6.374

Големина на фонт

а а а

Веројатно сите би сакале да ја доживееме 100-та година, но постојат некои практични чекори кои може да ги преземете за да се приближите до таа цел.

Постојат многу здрави навики кои ќе ви помогнат на тој пат. Една од најдобрите работи кои може да ги направите е редовно да консумирате здрава храна.

Во потрага по долговечноста, улогата на прехраната не може да се прецени. Она што го јадеме не влијае само на нашето непосредно здравје туку може да има и длабоки ефекти на нашата долговечност и квалитет на животот.

На пример, одредени намирници можат да го поддржат здравиот имун систем за вашето тело да биде способно да се одбрани од болести.

Грав


Гравот е основна состојка во исхраната на поединци кои живеат во Сините зони, подрачјата познати по долговечноста. Мешунките се богати со растителни влакна кои не само што промовираат здрави микроби во цревата тутку и го јакнат имуниот систем.

Јаткасти плодови и семки

Јаткастите плодови и семките нудат мноштво здравствени предности, вклучувајќи ја и поддршката на имунитетот. Јатките и семките даваат здрави масти, како и селен и цинк. Селенот делува како антиоксидант, ги штити клетките од слободните радикали, додека цинкот е клучен за нормална имунолошка функција.

Многу зеленчук


Исхраната богата со зеленчук, особено кељ, зелка, спанаќ – го јакне имунитетот. Овој зеленчук е извор на калиум за контрола на крвниот притисок, како и витамин Ц и бета-каротен, моќни оксиданти кои го поддржуваат вашиот имун систем.

Риба

Рибата нуди двојна количина на протеини и омега-3 масни киселини за поддршка на имунитетот. Рибата исто така е извор на цинк за заштита на вашиот имун систем. Овие хранливи состојки ја прават рибата одличен извор за јакнење на имунитетот и поттикнување на целокупното здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг