12 фотографии кои покажуваат дека полиците за книги можат да бидат особено интересна декорација

Точка

24/02/2024

19:14

53.139

Големина на фонт

а а а

Новиот тренд во уредувањето на просторот ќе ги воодушеви сите љубители на книгите, но и оние кои уживаат во удобната атмосфера која нагласува дека домот е место за одмор и бегство од напорното секојдневие надвор.

ТикТок е социјална мрежа која диктира бројни трендови, вклучувајќи ги и оние поврзани со декорација на животниот простор. Понекогаш сите остануваат воодушевени поради некое откритие на оваа мрежа и потполно се „опседнуваат“ со нешто што всушност и не е толку ново.

Таков е и хит-концептот наречен „bookshelf wealth“. Прекрасно уредените полици за книги сега може да се најдат во различни простории од домот, не само во дневната соба, а во зависност од тоа дали сакате пораскошен впечаток или само малку да го подигнете просторот со нов детаљ, можете да се одлучите за грандиозна полица или за некоја помала и поекономична.


Секако, полиците и ормарите за книги не се нешто ново и можеби ќе ви се чини дека се работи за низа трендови кои откриваат топла вода, но навистина не е лошо да се потсетиме на нешто што всушност постои стотици години и беше толку потиснато од желбата за што поиновативни и помодерни уредувања, што стана по малку заборавено.

Сега вашата оаза за читање може да биде похрабро уредена и со личен печат кој го покажува вашиот вкус за уредување на домот, но и за литература. Без разлика дали се работи за помала полица поставена над креветот, поголема која покрива цел еден ѕид и на тој начин создава впечаток на луксузна приватна библиотека или пак полица која интересно го опкружува прозорецот и на тој начин создава шарена и неочекувана рамка со книги, нема да погрешите со изборот.


Можете да ги распоредите книгите по боја, да ги истакнете најубавите корици како посебна декорација и да ги усогласите со детали како што се миризливи свеќи, сувенири од патувања или растенија - нека вашата полица за книги биде само ваш уникатен мозаик од ситници и книги кои ви значат.

Што се однесува до ентериерот 2024 година е сосредоточена на создавање простор кој е безвременски, а има ли подобар ново-стар тренд од овој со кој можете да го постигнете тоа?





Спонзорирани линкови

Маркетинг