[ФОТО/ВИДЕО] „Можеш ли да дишеш?“: Сите очи на модната недела во Милано биле вперени во Ен Хатавеј

Точка

24/02/2024

18:50

10.019

Големина на фонт

а а а

Актерката Ен Хатавеј била гостинка на ревијата на модната куќа „Versace“ во Милано за време на Модната недела, а со припиениот црвен фустан се погрижила сите погледи да бидат вперени во неа.

Хатавеј всушност се појавила во креација која Донатела Версаче потоа ја претставила на модната писта. Фустанот имал елече во вид на корсет, со прерамки кои ѝ „паѓале“ од рамениците.


Изгледот го комплетирала со црвени салонки со машнички, црна чанта и златни парчиња накит.

Во искрен момент на ревијата која Лара Волпато ја снимила за „Women’s Wear Daily“ на „Instagram“, Хатавеј ѝ признала на главната уредничка на „Vogue“, Ана Винтур, дека во супертесниот фустан не може да се сврти.

„Можеш ли да дишеш?“, Винтур искрено ја прашала Хатавеј во видеото.


„Многу лесно. Не можам да се свртам, но можам да дишам“, искрено одговорила актерката смеејќи се.




Хатавеј е долго време обожавателка на „Versace“ и носела фустани од луксузната модна куќа на бројни ревии на доделувања на награди низ годините. Не е ни чудо што Донатела Версаче ја нарекла актерката „жена по нејзиното срце“, кога минатата година ја избрала да биде заштитно лице на брендот.