Најздравото нешто за почеток на денот кое треба да го пробате: Полна чаша здравје, одлично како замена за појадок

Точка

24/02/2024

15:17

18.726

Големина на фонт

а а а

Здравиот појадок е клучен за добар почеток на денот, а овесните снегулки се прекрасен избор за нутритивен оброк.

Овесните снегулки се познати по своите бројни здравствени бенефити, а овој рецепт е едноставен за подготовка.

Состојки:

- 50 грама овесни снегулки;
- 1 банана;
- млеко по желба.


Подготовка:

Прво, овесните снегулки ставете ги во блендер за да ги изблендирате во прав. Потоа додадете ја бананата, па млеко (по желба), па сѐ заедно повторно изблендирајте додека не ја добиете посакуваната конзистенција.

После тоа, вашиот здрав појадок е подготвен за консумирање.

Овесните снегулки се богати со растителни влакна и протеини, што ги прави одличен избор за појадок. Исто така додатокот на банана дава природна слаткост без потреба да додавате вештачки засладувачи. Овој оброк не само што е хранлив, туку е и вкусен, а најдобро од сѐ – не мора да се грижите за броењето калории.

Најдобро од сѐ е тоа што смутито може да го комбинирате по ваша мера. За ова се верува дека го забрзува метаболизмот.

Состојки:

- 2 лажици овесни снегулки;
- 1 лажица чиа семе;
- малку ореви;
- 120 грама црвена рибизла;
- 2 лажици мед;
- јаворов сируп;
- 220 милилитри млеко;
- цимет.


Подготовка:

Во блендер ставете ги овесните снегулки, чиа семето, ореви, рибизла, мед, млеко и матете додека смесата не се изедначи. Ставете го смутито во чаша и додадете цимет.

Кое смути и да го изберете, нема да се покаете. Покрај тоа што се здрави тие се и превкусни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг