[ВИДЕО] Хаос на мечот Пеликанс-Хит, нов трипл-дабл на Јокиќ

Макфакс

24/02/2024

13:08

8.463

Големина на фонт

а а а

Тепачка во Мајами, на дуелот меѓу Хит и Њу Орлеанс Пеликанс ја обележа ноќа во НБА лигата, во која Никола Јокиќ забележа нов трип-дабл и на вечната листа се изедначи со Леброн Џејмс.

Мајами забележа победа во Њу Орлеанс 105:96. Општата тепачка на почетокот на последниот период го обележа натпреварот.

Се започна по дуелот меѓу Кевин Лав и Зион Вилијамсон, а епилогот од тепачката беше исклучувањето на Џими Батлер и Томас Брајант за Хит, а Наџи Маршал и Хозе Алварадо за Пеликанс.

Бем Адебајо беше најефикасен со 24 поени и седум скока, Џими Батлер додаде 23, со девет скока и шест асистенции, Данкан Робинсон постигна 17, а Тајлер Хиро 15 поени.

На другата страна најдобар беше Зион Вилијамсон со 23 поени, девет скока и седум асистенции, додека Херберт Џонс постигна 19 со пет скока.

Кошаркарите на Денвер славеа на гостувањето кај Портланд со резултат 127:112.

Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл. Српскиот кошаркар на своите 29 поени (12 од 17 од поле) додаде 15 скока и 14 асистенции за нешто помалку од 35 минути на теренот.

Ова е 122. трипл-дабл за Јокиќ во кариерата во регуларниот дел од сезоната и се наоѓа на четвртото на вечната листа. Меџик Џонсон на третото место има 16 повеќе од Јокиќ.

Ако се рачунаат и трипл-дабл натпреварите и од плеј-офот, Јокиќ стигна до 138 трипл-дабл, што го изедначи на четвртото место на сите времиња со Леброн Џејмс, а Меџик има 30 повеќе од двајцата.

Мајкл Портер Јуниор беше најефикасен кај Денвер со 34 поени и 12 скока.

Кај Портланд најефикасен беше Грант со 25 поени, Ајтон забележа дабл-дабл со 22 поени и десет скока, Симонс додаде 21 поен со осум асистенции, а Бантон имаше 14.

Резултати:

Атланта Хокс – Торонто Рапторс 121:123

Филаделфија Сиксерс – Кливленд Кавалирс 104:97

Хјустон Рокетс – Феникс Санс 114:110

Мемфис Гризлис – ЛА Клиперс 95:101

Оклахома Тандер – Вашингтон Визардс 147:106

Голден стејт Вориорс – Шарлот Хорнетс 97:84

Минесота Тимбервулфс – Милвоки Бакс 107:112

ЛА Лејкерс – Сан Антонио Спарс 123:118



Спонзорирани линкови

Маркетинг