Рецепт за гриз-алва, само за вистинските љубители на слатко: Ќе уживате со сите сетила

Точка

23/02/2024

21:00

15.189

Големина на фонт

а а а

Овој ориентален десерт ќе ве воодушеви, а истиот совршено може да се вклопи во пиењето кафе.

Состојки:

- 500 грама гриз;
- 500 грама шеќер;
- ½ литар млеко;
- 100 грама исечкани ореви;
- 250 грама путер.


Подготовка:

1. Во тава со стопен путер три минути пржете ги оревите. Со непрекинато мешање додавајте го гризот додека смесата не добие светло-златна боја. Потоа додадете го шеќерот и постепено ставајте го млекото со непрекинато мешање.

2. Кога смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете ја од шпорет, поклопете и оставете да отстои 15-на минути.

3. Смесата ставете ја во сад обложен со хартија за печење, распоредете ја по целата површина и оставете да се излади.

4. Изладената алва превртете ја на рамна површина и исечете ја на коцкички. Сервирајте во чинија со јаткасти плодови, цимет или чоколаден прелив.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг