Британка на 15 години заминала во Сирија, и се омажила за припадник на ИСИС! Сега ја изгубила судската битка

Точка

23/02/2024

22:15

8.399

Големина на фонт

а а а

Шамима Бегум, родена во Велика Британија во семејство имигранти од Бангладеш, која на 15 години заминала во Сирија за да се приклучи на Исламската држава, денеска на суд не успеала да ја собори пресудата со која и било одземено британското државјанство и не може да се врати во Британија.

Сега 24-годишна, Бегум отишла во Сирија за да се приклучи на терористичката група ИСИС. Се омажила за борец на ИСИС и родила три деца од кои не преживеало ниедно.

Државјанството и било одземено во 2019-та година на основа на процена дека претставува опасност за националната безбедност откако било откриено дека се наоѓа во сириски бегалски логор.


Ја изгубила судската битка

Минатата година Бегум ја изгуби судската битка против Посебниот миграциски совет за жалби кој оценил дека одземање на државјанството би било во склад со законот.

Нејзините адвокати не успеале да ја поништат таа одлука на Жалбениот суд. Министерството за внатрешни работи сметало дека враќањето на државјанството на Бегум не е во интерес на безбедноста на земјата.

Сите тројца судии од споменатиот суд го отфрлила барањето на Бегум за враќање на државјанството.


„Може да се аргументира дека пресудата во случајот на Бегум е многу остра. Но, исто би можело да се аргументира дека Бегум е самата виновна за своите проблеми. Но, не е работа на судот да се согласи или да не се согласи со некоја од гледните точки. Судот има задача да оцени дали одлуката за одземање на државјанството била незаконска. Бидејќи не е, жалбата на Бегум е отфрлена“, објаснила судијката.

Адвокатката на Бегум тврдела дека државата не истражила дали нејзината клиентка можеби била жртва на трговија со луѓе.

Според судијката Кар, „Бегум можеби била под влијание и манипулација на други, но сепак донела одлука да отпатува во Сирија и да се приклучи на ИСИС“.