Поради огромните хранливи вредности кои ги има сурутката, таа се споредува дури и со мајчиното млеко.
Сурутката ја поттикнува рамнотежата на ацидофилните бактерии кои се природен антисептик. Одлична е за диети и детокс-програми затоа што го забрзува метаболизмот.
Сурутката е течноста која останува откако млекото ќе згусне, настанува кај произведувањето сирење и има повеќе комерцијални употреби.
Сурутката е богата со магнезиум, калциум, цинк, фосфор, витамини Б, аминокиселини. Добро влијае на коските затоа што ги надополнува белковините, го хидрира телото и е најдобра замена за спортските напитоци, па често се употребува и во бодибилдингот.
Таа помага да се лачи серотонин, хормонот на среќа, па им се препорачува на сите кои се под стрес, а добра е и за обнова на енергијата, ги намалува грчевите во мускулите и опушта.
Кај постарите лица сурутката спречува настанување остеопороза, ги чисти крвните садови, ги отстранува наслагите на забите, превентива е при кариес и го регенерира и чува црниот дроб.
Терапијата со сурутка е позната и во лекувањето на цревни нарушувања, хормонални проблеми, гојазност и проблеми со циркулација, како што се затнати артерии.
Се консумира така што една лажица сурутка се раствора во чаша вода и се пие како додаток во исхраната.
Помага при следните тегоби:
- кај различни гастроентеролошки заболувања;
- болести на цревата;
- нарушување во апетитот и гојазност;
- болки во желудник и хеликобактер;
- при бактерии и габични инфекции;
- за лекување кандида;
- при хипергликемија или зголемено ниво на шеќер во крвта.