Германецот има желба: Тухел се гледа во еден клуб во иднина

Дерби

22/02/2024

14:13

2.921

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел една година е на кормилото на Баерн Минхен, тим со кој лани успеа да ја освои Бундеслигата, но и тим со кој во актуелнава сезона има проблеми во сите натпреварувања што придонесе да се донесе одлука тој да на напушти сегашната функција по крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Секако ова е разочарување за Тухел од кого дефинитивно се очекуваше многу повеќе во Баерн, меѓутоа понекогаш работите не одат како што посакува иако ги имате сите услови за успеси и добри резултати.

Засега Германецот не најави дека ќе направи било каква пауза за да ги наполни батериите, па останува да се види дали екпресно би прифатил нов предизвик.

Неговото име се поврзува со Барселона, но според новинариот на Билд, Кристијан Фалк стратегот има јасна цел и сака да се врати во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед е клубот за кого секогаш бил заинтересиран и останува да се види дали би се создале услови за негова преселба на „Олд Трафорд“ каде во моментов тренерската позиција ја држи Ерик Тен Хаг.

Досега Томас има работено во Аугзбург, Челси, ПСЖ, Мајнц и Борусија Дортмунд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг