[ВИДЕО] Спасовски и Ковачевски ќе земаат по 2.500 евра месечно апанажа цела година: Експремиерот побарал и службено возило на сметка на државата

Макфакс

22/02/2024

13:11

1.702

Големина на фонт

а а а

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година.

Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно.

Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со Законот за возила.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека согласно последната одлука на Уставниот суд не им следува апанажа затоа што поднеле оставки.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг